Провалил во црква за 200 денари

24.07.2014 11:15

Црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица беше мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и одзел околу 200 денари, соопштуваат од СВР Охрид.

Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од  20-ти до 23-ти јули оваа година. Во црквата „Св.Антонија“, сторителот влегол откако го скршил прозорецот од источната страна а потоа се упатил во внатрешноста на црквата каде извршил пребарување низ црковните простории. Во близина на црковниот олтар ги забележал парите оставени од верниците, ги одзел  по што избегал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.