Постигнат времен договор со приватните превозници
По средбата ја превозниците со советничката група на ВМРО ДПМНЕ во град Скопје, се договориле на вонредна седница да излезат со предлог до градоначалничката Арсовска за зголемување на цената на поминат километар на 100 денари...

Приватните превозници најверојатно нема ги блокираат главните сообраќајници в понеделник. Ова е нивната последна изјава по средбата со советничката група на ВМРО ДПМНЕ во град Скопје. Се договориле на вонредна седница да излезат со предлог до градоначалничката Арсовска за зголемување на цената на поминат километар на 100 денари.
Вонредна седница побара и советничката група на СДСМ и коалицијата.
Од нејзиниот исход ќе зависи дали од понеделник како што навестија приватните превозници со целиот капацитет ќе се вклучат во сообраќај.
