Уште два дена амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025
Во Собранието денеска ќе продолжи амандманската расправа за Буџетот за 2025 година. Последен ден за амандманите за државната каса е утре...

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија
Во Собранието денеска ќе продолжи амандманската расправа за Буџетот за 2025 година. Последен ден за амандманите за државната каса е утре.
Останати за разгледување, според информациите од Собранието, се околу 150 амандмани. Амандманската расправа почна на 19-ти ноември, а треба да заврши најдоцна до 30-ти ноември.
Поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 на опозициската СДСМ.
По амандманската расправа како дополнет Предлог – Буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа календарска година.
Се очекува седницата за носење на Буџетот за 2025 година да биде закажана за втората недела во декември.
