Изолирани напади во јужен Либан и покрај примирјето
Израелскиот премиер и наложил на војската да биде подготвена за интензивна војна во случај на прекршување на примирјето со милитантната група Хезболах во Либан...

Израелскиот премиер и наложил на војската да биде подготвена за интензивна војна во случај на прекршување на примирјето со милитантната група Хезболах во Либан. За можниот договор за заложници со Хамас во Газа, Нетанјаху вели дека работите се променети на добро.
„Подготвен сум за прекин на огнот во секој момент, но за крај на војната, за ова не сум подготвен, бидејќи мора да постигнеме и елиминација на Хамас“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Израел и Хезболах договорија 60 дневно примирје во Либан. Сепак, Израелската војска вчера изјави дека од воздух нападнале во јужен Либан по откривањето на активност на Хезболах во објект за складирање на ракети.
