Зеленски: Путин сака да ја ескалира ситуацијата
Уништена руската мобилна радарска станица на Крим, соопшти Министерството за одбрана на Украина...

Уништена руската мобилна радарска станица на Крим, соопшти Министерството за одбрана на Украина. Од друга страна, Москва тврди дека вооружените сили на Русија го погодиле седиштето на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана во Харков. Зеленски вели дека Путин сака да ја ескалира ситуацијата за да новоизбраниот американски претседател Трамп да не може да ја заврши руската војна против Украина. Тој потсети дека на самитот во Казахстан, Путин се закани дека ќе ја употреби новата балистичка ракета со среден дострел против центрите за одлучување во Киев.
„Путин уште еднаш ги промовираше своите проектили, неговата подготвеност да убива и уништува. На илјадниците проектили кои веќе ја погодија Украина, Путин очигледно сака да додаде уште илјадници. Тој нема интерес да стави крај на оваа војна. Освен тоа, сака да ги спречи другите да ја завршат војната. Неговиот сегашен удар со „Орешник“ има за цел само да ги наруши напорите на претседателот Трамп“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
За време на кампањата, новоизбраниот претседател на САД, Трамп постојано говореше дека може брзо да ги прекине борбите во Украина, за што понуди и план за мир.
