АВСТРАЛИЈА

Австралија забрани социјални мрежи за деца под 16 години

29.11.2024 08:27

Австралија ја усвои забраната за социјални мрежи за деца под 16 години...

Австралија ја усвои забраната за социјални мрежи за деца под 16 години. Ваков закон за првпат е донесен во светот и со него платформите се обврзани да наметнат ограничувања или ќе се соочат со казни до 50 милиони австралиски долари за системски неуспеси да ги спречат децата да имаат сметки на социјалните медиуми.

Премиерот Албанес рече дека законот ги поддржува родителите загрижени за онлајн штетите врз нивните деца. Критичарите на законодавството стравуваат дека забраната ќе влијае на приватноста на сите корисници кои мора да утврдат дека се постари од 16 години.