Добрососедските односи имаат приоритет
12.12.2013 23:02
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ...
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во албанскиот Парламент во Тирана побара поголема соработка и разбирање меѓу двете држави.
Македонскиот и албанскиот народ, релацииите меѓу двата народа, се политички приоритет на лидерите на Македонија и Албанија, истакна Вељаноски. Економските врски ќе помогнат во надминувањето на предизвиците, оцени престедателот на македонското Собрание. Албанија заслужува кандидатски статус за членство во ЕУ. Почнувањатео на преговорите и приемот на Македонија во Унијата е стратегиска цел на нашата земја, рече Вељаноски во обраќањето пред албанските пратеници. Во Тирана тој се сретна со домаќинот Илир Мета, а имаше и средба со албанскиот претседател Бујар Нишани, по што организираше прием по повод двете декади од воспоставените дипломатски односи меѓу Албанија и Македонија.
Повеќе во извештајот на Виолета Димовска, специјален известувач на МРТ од Тирана.
