Атлетика

Светски рекорд на Драхотова

24.07.2014 11:39

Чехинката Анешка Драхотова го постави првиот светски рекорд на атлетскиот мундијал за јуниори што се одржува во Јуџин, Соединетите Американски Држави. Патеката од 10 000 метри во брзо одење таа ја мина за 43 минути, 47 секунди и 25 стотинки и го прати во историјата претходното најдобро светско остварување на Русинката Јелена Лашманова од 2011-та.

Драхотова, која од лани е европска првенка во истата дисциплина, наметна силно темпо уште од почетокот и по четвртиот километар се одлепи од конкурентките. Русинката Олга Шаргина заврши втора, но потоа беше дисквалификувана поради грешка на 600 метри пред целта. На тој начин профитираа кинеските атлетичарки. Среброто и припадна на Ванг На, а брозната на Јуаниун Ни. Двете остварија лични рекорди.

Британката Дина Ешер-Смит се закити со злато на 100 метри, со време 11 секунди и 23 стотинки. Сребрена беше Анжела Тенорио од Еквадор, а бронзата е на градите на Американката Кејлин Витни.