ЈП Водовод и канализација – Скопје
Без вода делови од Припор и Аеродром
29.11.2024 09:03
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот...
Корисници од трета зона Припор денеска од 9.30 часот ќе немаат вода поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Христо Татарчев“ крак 37/бб во близина на резервоарот во општина Кисела Вода, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Од 10 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат и неколку објекти во непосредна близина на маркет „Зур“ во Аеродром поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на ул. „Коста Новаковиќ“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирањето на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје.