ЦУК

ЦУК: Девет пожари на отворен простор, сите се изгаснати

29.11.2024 09:07

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало девет пожари на отворен простор, покрај интервенциите за гасење пожари во населени места, и сите се изгаснати. Горело борова шума, ѓубре, ниска вегетација, бали со слама, стрништа, сува трева, грмушки и друга сува нискостеблеста вегетација...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало 1.697 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Од нив „реални“ повици биле 63,46 проценти, а 36,54 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици, кон полиција биле упатени 75,15 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 21,78 отсто, а кон пожарникарите 0,61 отсто.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало девет пожари на отворен простор, покрај интервенциите за гасење пожари во населени места, и сите се изгаснати. Горело борова шума, ѓубре, ниска вегетација, бали со слама, стрништа, сува трева, грмушки и друга сува нискостеблеста вегетација. Интервенирале БППЗ на Град Скопје и ТППЕ од Битола, Струмица, Неготино, Берово, Кочани и од Крива Паланка.

Во однос на сообраќајот кон Пониква и кон село Бели, ЦУК информира дека се одвива непречено, но сè уште по една коловозна лента.

Центарот за управување со кризи укажува дека граѓаните коишто ќе патуваат или шетаат по планините викендов треба да имаат предвид дека е најавена промена на времето со дожд и снег на повисоките места.