Реакции по сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ истовремено реагираат и на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи. Каде беа синоќа премиерот Мицкоски и министерот Тошковски, да се обратат со државнички пораки за смирување на состојбите? Наместо тоа, нивната тишина само ги продлабочи тензиите и создаде чувство дека институциите се парализирани, стои во реакцијата од СДСМ...

Остри реакции и осуда за сквернавењето на македонското знаме од јавноста и од политичките партии. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ истовремено реагираат и на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои како што велат, има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Тошковски очигледно целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата, став на СДСМ. Според партијата, граѓаните имаат право да прашаат – зошто полицијата не беше присутна и зошто немаше брза и одлучна интервенција за спречување на овие инциденти?
СДСМ прашува: каде беа синоќа премиерот Мицкоски и министерот Тошковски, да се обратат со државнички пораки за смирување на состојбите? Наместо тоа, нивната тишина само ги продлабочи тензиите и создаде чувство дека институциите се парализирани, стои во реакцијата од СДСМ.
