ОЈО

ОЈО презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

29.11.2024 09:31

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме...

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ОЈО.

„Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот“, соопштуваат од ОЈО.

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видеоснимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме.