Масовни протести во Грузија
Масовни демонстрации на улиците во Грузија откако премиерот објави дека ја повлекуваат кандидатурата за членство во ЕУ. Полицијата се судри со демонстрантите и употреби водни топови за да ја растера толпата. Опозицијата тврди дека изборите на 26-ти октомври биле наместени. Европскиот парламент усвои резолуција со која повика на нови парламентарни избори во Грузија и санкции против членови на владејачката партија „Грузиски сон“.

Масовни демонстрации на улиците во Грузија. Полицијата се судри со демонстрантите и употреби водни топови за да ја растера толпата. Илјадници луѓе се собраа во главниот град Тбилиси, откако премиерот Иракли Кобахидзе објави дека ги запира преговорите за членство во Европска унија до 2028-ма година, по одлуката на Европскиот парламент да не ги признае резултатите од последните парламентарни избори, на кои победи проруската партија „Грузиски сон“.
„За жал, како одговор на оваа резолуција на ЕУ, Грузискиот сон одлучи да објави дека пристапните преговори со ЕУ ќе бидат прекинати. Покрај тоа, тие нема да добијат никакво финансирање од ЕУ, што значи дека ќе блокираат стотици милиони за грузиското граѓанско општество. Ќе ги задушат медиумите и сите џебови на слободата во оваа земја. Оттука и реакцијата на јавноста“, изјави Ана Долиџе, лидер на коалицијата „Силна Грузија“.
Изборите на 26 октомври беа сметани за референдум за аспирациите на земјата да се приклучи на Европската унија. Опозицијата тврди дека гласањето било наместено под влијание на Русија што доведе со постизборна криза.
„Тие одат против волјата на грузискиот народ и сакаат да не повлечат назад во СССР, но тоа никогаш нема да се случи, бидејќи грузискиот народ никогаш нема да го дозволи тоа“, вели студент.
Проевропската претседателката во заминување, Саломе Зурабишвили, обвини за уставен удар и вели дека „Грузиски сон“ објавил војна на сопствениот народ.
„Оваа непостоечка и нелегитимна влада објави војна на сопствениот народ, сопственото минато и сопствената иднина. Овој пат нема грузиска државност, нема независност и нема иднина освен во Русија“, изјави Саломе Зурабичвили, претседателка на Грузија.
Европскиот парламент усвои резолуција со која повика на нови парламентарни избори во Грузија и санкции против високи членови на владејачката партија „Грузиски сон“.
Маријана Димовска
