Бејл сака шест трофеи
Герет Бејл е убеден дека во претстојната сезона ќе игра на повисоко ниво и дека ќе може многу повеќе да му помогне на Реал Мадрид во настојувањата да ги оствари амбициите.

Герет Бејл е убеден дека во претстојната сезона ќе игра на повисоко ниво и дека ќе може многу повеќе да му помогне на Реал Мадрид во настојувањата да ги оствари амбициите.
„Ќе бидам подобар. Лани беше потешко затоа што ги прескокнав претсезонските подготовки. Потоа го минав и периодот за адаптација, но со тек на време почнав да се чувствувам се подобро“, објасни велшкиот фудбалски интернационалец. „Пред нас се шест натпреварувања, значи можеме да освоиме шест трофеи. Ги посакувам сите, иако знам дека ќе биде тешко. Сезоната ќе биде долга“, проценува Бејл за чиј премин од Тотенхем во Реал кралскиот клуб издвои сто милиони евра.
