Сиљановска Давкова ја продолжи посетата на Црна Гора
По вчерашната средба со домаќинот, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, денеска треба да оствари средба и со премиерот Милојко Спајиќ.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја продолжува посетата на Црна Гора. По вчерашната средба со домаќинот, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, денеска треба да оствари средба и со премиерот Милојко Спајиќ.
Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.
Вчера, Сиљановска Давкова во Цетиње оствари средба со својот домаќин, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, а беше одржан и пленарен состанок на делегациите.
Претседателката вчера во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.
Од Подгорица известува Наташа Гркова-Петрушевска
