РОМАНИЈА

Пребројување на гласовите од првиот круг од претседателските избори во Романија

29.11.2024 11:52

Одлуката следува по обвинувањата дека социјалната мрежа „Тик-Ток“ наводно го фаворизирала Калин Георгеску, кој неочекувано доби најмногу гласови...

Уставниот суд на Романија нареди пребројување на гласовите од првиот круг од претседателските избори. Одлуката следува по обвинувањата дека социјалната мрежа „Тик-Ток“ наводно го фаворизирала Калин Георгеску, кој неочекувано доби најмногу гласови. Големата поддршка што ја доби независниот Георгеску, за кого се вели дека е проруски кандидат беше најголемото изненадување на изборите.

Од „Тик-Ток“ категорично ги отфрлија обвинувањата.