Уништени шест возила на прославата за знамето во Куманово, приведено едно лице
Кумановската полиција информира дека на ненајавен јавен собир, поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот, привеле 20-годишно лице од село Липково и против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Уништени шест возила на прославата по повод Денот на албанското знаме во Куманово.
Кумановската полиција информира дека на ненајавен јавен собир, поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот, привеле 20-годишно лице од село Липково и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Констатирани се и 20 мерки по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од Закон за возачка дозвола, соопшти СВР Куманово.
Инаку, на градскиот плоштад во рамки на програмата на Фондацијата за култура и спорт и Општина Куманово се одржа настан по повод Денот на албанското знаме.
