Фудбал

Суарез се надева на арбитражниот суд

24.07.2014 12:01

Спортскиот арбитражен суд експресно ќе ја разгледа жалбата на Луис Суарез во врска со казната што му ја изрече ФИФА, пишува весникот „Мундо депортиво“. Уругвајскиот репрезентативец го касна Џорџо Кјелини за време на натпреварот со Италија на Мундијалот  во Бразил, а светската куќа на фудбалот му изрече санкција според којашто тој не смее да игра и да тренира во период од четири месеци.

Според шпанскиот весник, Спортскиот арбитражен суд ќе донесе решение за овој случај на 11-ти или на 12-ти август. ФИФА веќе ја одби жалбата на Суарез и на Уругвајската фудбалска федерација, а ако тоа го стори и Спортскиот арбитражен суд, тогаш Барселона ќе може да смета на најзвучното засилување сезонава од крајот на октомври. Суарез треба да плати и парична казна од 100 000 швајцарски франци, а е суспендиран и на девет меча за уругвајскиот национален состав.