МВР

Тошковски: Осум лица се уапсени за учество во вчерашните инциденти

29.11.2024 12:30

Уапсени се осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме, рече министерот Тошковски...

Засега се уапсени осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме, рече министерот Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека, четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година. 

Тошковски рече дека сите се млади лица, а еден од нив е и малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето.

Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.