Попоски: Да се одвојат билатералните прашања од процесот на интеграција

24.07.2014 12:10

Во Брисел вчера се одржа единаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Европската Комисија и Република Македонија. Шефот на дипломатијата Попоски со порака- единствен начин за надминување на проблемот е одвојување на билатералните прашања од процесот на интеграциите, според правилата и досегашната практика на Унијата...

Нема сомнеж, а тоа мислење го делат и сите оние кои имаат влијание во Европската Унија дека нешто не е во ред во не - донесувањето на одлуката на Македонија да и се одреди датум за почеток на преговорите во Советот на Европа – истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски на прес- конференцијата по завршувањто на редовниот  Совет за стабилизација и асоцијација мегу Република Македонија и Европската унија.

Единствен начин кој овој најсупешен мировен проект на европскиот континент досега успеал е токму со одвојвуање на билатералните прашања и водење процес на интеграции по правила и вредности, и овозможување за надминување на тие рамки во процесот. Од тој аспект, дијагнозата ја делиме сите и во однос на мерките кои треба по тоа прашање да ги преземат земјите-членки во ЕУ, како удел во Советот при носење одлуки, а ние во периодов да исполниме повеќе критериуми за членство, за тоа што сега не во ред да се исправи, и да можеме да странеме дел од ЕУ“, нагласи министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Ние нашето ќе го сработиме. Очекуваме во наредниот период да има напредок“, додаде Фатмир Бесими, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.

Претседавачот на состанокот Дела Ведова посочи дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација останува суштинска основа за односот меѓу ЕУ и Република Македонија сè додека Република Македонија не се зачлени во ЕУ, и дека за време на италијанското председателство соработката со државите- кандидати за членство во ЕУ останува на нивната агенда на приоритети.

„Италијанското претседателство потврдува дека посветено ќе работи со цел да ја донесе Македонија поблиску до ЕУ, ќе гледаме на сите прашања што ќе се дискутираат и мислам дека на констурктивен начин ќе ги идентификуваме проблемите кои треба да се допрат. Владата на Македонија посочи дека е подготвена за брза акција по многу прашња, вклучително домашните, а почнувјаќи со политички дијалог“, рече Бенедето Дела Ведова, подсекретар во Министерството за надворешни работи на  Италија.

Советот за стабилизација и асоцијација беше информиран за клучните политички случувања, при што беа опфатени претседателските и парламентарните избори. Советот го забележа формирањето на новата влада, како и намерите на Владата да соработува со опозицијата и да продолжи да ги подобрува меѓуетничките односи.

Во однос на владеењето на правото, Советот за стабилизација и асоцијација потсети на високото ниво на усогласеност, вклучувајќи и подобрена ефикасност на судовите, но истакна дека е потребно да се стави поголем акцент на независноста и квалитетот на правдата. Советот за стабилизација и асоцијација ја истакна потребата од завршување на прегледот за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор колку што е можно поскоро, за да може овој процес да заврши со препораки за политиките.

ЕУ изрази загриженост за меѓуетничките односи и повика за повеќе проактивни, долгорочни мерки за градење на доверба на долг рок

Ова беше единаесети состанок на Советот за стабилизација и асоцијација мегу Република Македонија и Европската унија.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ