Влада

Мицкоски: Со реконструкција спортската сала „Расадник“ добива нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови

29.11.2024 13:50

Според најавите од градоначалникот на Општин Кисела Вода, можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“...

Ќе се бориме со многу работа со многу труд, со многу енергија, против сите оние коишто сакаат да не влечат назад во минатото. Тоа е она коешто го очекуваат граѓаните од нас како Влада, а јас како прв човек на Владата ќе продолжам да работам во таа насока, потенцира премиерот Мицкоски.

Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет.

Нема да застанеме тука, во периодот којшто следи очекувајте уште многу инвестиции, во сите општини на целата територија на државата. На почетокот од следната година имаме нов повик за општините да аплицираат со нови проекти, проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Според најавите од градоначалникот на Општин Кисела Вода, можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“.