Познати полуфиналистите на ЕП во ватерполо

24.07.2014 12:13

Во полуфиналето утре Италија ќе игра против домаќинот Унгарија, а Србија против Црна Гора...

Селекциите на Италија и на Србија се изборија за место во големата четворка на Е П во ватерполо, кое се одржува во Будимпешта. Во крајно неизвесен четвртфинален меч, Италија беше поуспешна од Хрватска со 9 : 8 и се пласира во полуфиналето, каде што ќе игра против домаќинот Унгарија. Решавачка беше втората четвртина во која Италијанците беа подобри со 3 : 2, а другите три завршија нерешено (1 : 1, 3 : 2, 2 : 2 и 2 : 2). Со тоа Италија конечно успеа делумно да се одмазди за поразите од Хрватска на големите натпреварувања, во финалето на Е П 2010 година во Загреб и на Олимписките игри во Лондон 2012 година. Во вториот меч, Србија беше уверлива против Грција со 13 : 9, и многу полесно се пласира во полуфиналето. Актуелниот шампион ја градеше постепено предноста и последната четвртина ја одигра рутински (3 : 2, 3 : 2, 4 : 2 и 2 : 2).

Во полуфиналето утре Италија ќе игра против домаќинот Унгарија, а Србија против Црна Гора. Интересно е во полуфиналето се истите селекции кои беа во истата фаза и пред 2 години, со тоа што сегашните полуфинални двојки тогаш беа мечеви за бронза, односно за златен медал.

Во меѓувреме, денес се играат полуфиналните натпревари на женсикиот турнир во кои се среќаваат Унгарија – Шпанија и Италија – Холандија.