Утврдени се условите за унгарскиот кредит, Мицкоски очекува 800 милиони евра инвестициски циклус
Условите се утврдени. Примерот нагласи дека секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, што е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку.

Министерството за финансии е овластено да ги префрли средствата од унгарскиот кредит на сметка на Македонската банка за поддршка на развојот, а таа потоа да комуницира со комерцијалните банки. Таа комуникација очекувам веќе да се случи во текот на следната недела и официјално да започне овој проект-изјави денеска премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Условите се утврдени. Примерот нагласи дека секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, што е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку.
„Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвер и така натаму, производни капацитети од обновлива енергија коишто ќе произведуваат енергија од обновливи извори на енергија“, нагласи Мицкоски.
Премиерот нагласи дека очекува најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус. И заедно со оние 500 милиони евра коишто се наменети за општините, ќе се дојде до вкупна бројка од 800 милиони евра.
