„Црн петок“ на македонски начин
Во Македонија, многу трговци почнуваат со попустите уште неколку недели пред „Црн петок“, што го продолжува „шопинг-лудилото“, попусти напишани но нерелани, тврдат граѓаните...

„Црн петок“ на македонски начин. На овој ден во цел свет се најголеми попусти, кај нас, според потрошувачите, ден за маркетинг измами. Купувачите често се разочаруваат кога откриваат дека многу од попустите не се толку големи како што очекувале.
Овој „Црн петок“, инспекторите се на терен. Вршат вонредни надзори низ цела Македонија.
И покрај слабата потрошувачка моќ, како што велат економистите, ова не ги спречува луѓето да се соберат во трговските центри, создавајќи лажна атмосфера на возбуда.
Во Македонија, многу трговци почнуваат со попустите уште неколку недели пред „Црн петок“, што го продолжува „шопинг-лудилото“.
Во некои продавници намалувањето е и до 80%, но само на флаерот. Во продавницата ќе начекате производи кои долго време само собирале прашина, а сега се нудат како „производ од нова сезона“.
Борис Грујоски
