Се славеше албанското, осквернавено македонското знаме- осуммина уапсени
Се славеше албанското, осквернавено македонското знаме – полицијата уапси осуммина. Четворица млади ќе одговараат за разгорување национална, расна или верска омраза и нетрпеливост. МВР најави одлучен одговор…

17-годишно момче и уште тројца малку повозрасни се уапсени за сквернавење на македонското знаме. Го симнале, згазиле, скинале и запалиле на прославата на албанскиот национален симбол. Дел од насилниците се уапсени на самото место, по дел се трага. Освен овие четворица, уште толку се приведени за предизвикување инциденти. Министерот Тошковски со порака – секој што ги навредува чувствата на Македонците ќе одговара според закон.
Инцидентот го истражува и јавното обвинителство. Оттаму велат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Осомничените се сослушани, а се соочуваат со кривична одговорност за подбивање со националните симболи, за што е предвидена казна од 1 до 5 години затвор.
Од крилото на Села во партијата Алијанса за Албанците објавија видеоснимка на социјалните мрежи со која тврдат дека за време на прославата било запалено и албанското знаме.
Анита Димитријевска – Велковска
