Берни под притисок, да се откаже ГН на Русија
Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон е под постојан протисок на западните политичари, пред се на британските, да ја откаже трката во Формула 1 за големата награда на Русија закажана за 12 октомври.
Со заладувањето на односите меѓу Русија и западните земји, особено по соборувањето на малезискиот авион МХ 17, се е поприсутно мислењето на дел од политичарите дека на Русија треба да и се одземат сите меѓународни манифестации, вклучително и трката во Ф1.

„Откажувањето на трката би било логичен чекор, за да не се повтори сценариото од Бахреин“- е изјавата на Дaвид Дејвис-еден од советниците во британската влада.
Засега ФИА се дистанцира од влегување во полемика за евентуалното откажување на трката во Сочи со ставот дека спортот не би требало да се меша со политиката.