Пренатрупаноста и безбедноста, главните проблеми во затворите
Двата главни проблеми во македонските затвори се пренатрупаноста и безбедноста. Првиот проблем може да се реши со условни казни со заштитен надзор, а вториот со вработување повеќе затворски полицајци. Во моментов околу 220 осуденици ги нарушиле определените мерки и на некој начин се во бегство…
Пренатрупаноста и безбедноста се главните проблеми во 12-те македонски затвори, признаваат од Управата за извршување санкции. За пренатрупаноста многу може да помогне пробацијата, а за безбедноста – зголемен број затворски полицајци. Управата ја најави и набавката на алките.
Речиси само скопските судови имаат искуство со изрекување условни казни што би ја унапредило пробацијата.
Во македонските затвори се 2.170 осуденици, 220 се „во бегство“ и околу 350 се во притвор.
Елизабета Митреска