Финансиската немоќ-причина зошто жените трпат насилство
Финансиската немоќ е еден од главните проблеми зошто жените не бараат помош и трпат семејно насилство сметаат невладините организации. Во руралните средини тоа е најизразено. Во Македонија сè уште е висок јазот помеѓу платите на работниците и работничките...

Половина од жените во Македонија се економски неактивни или воопшто не бараат работа. 60 проценти од нив се изјасниле дека не можат да работат поради обврски со домот и децата.
Финансиската немоќ е еден од главните проблеми зошто жените не бараат помош и трпат семејно насилство сметаат невладините организации. Во руралните средини тоа е најизразено бидејќи тие имаат ограничените можности и немаат начин како да го пријават насилникот.
Жените се дискриминирани на пазарот на трудот. Во Македонија сè уште е висок јазот помеѓу платите на работниците и работничките. Државата само на хартија се бори за родовата еднаквост, сметаат од Хелсиншкиот комитет.
За да постигнеме родова еднаквост, потребен ни е еднаков пристап до ресурси, можности и моќ за одлучување, формално образование кое промовира здрави односи засновани на согласност и меѓусебна почит, порачаа од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Викторија Милевска
