Претседателката Сиљановска Давкова го осуди сквернавењето на државното знаме и повика на разум и дијалог
Таа на својот фејсбук-профил напиша дека станува збор за чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира...

Остра осуда за синоќешните инциденти, во кои беше сквернавено македонското државно знаме, попладнево стигна и од претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова. Таа на својот фејсбук-профил напиша дека станува збор за чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.
Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби. Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица“, стои во објавата на претседателката.
