Воен конфликт
Зеленски: Договор за прекин на огнот со Русија, ако украинската територија влезе под „чадорот на НАТО“
30.11.2024 09:29
Украинскиот претседател Зеленски кажа дека би можело да се понуди членство во НАТО за неокупираните територии за да се заврши „жешката фаза на војната“...

Украинскиот претседател Зеленски навести дека би можел да биде постигнат договор за прекин на огнот со Русија, ако украинската територија која сега е под контрола на Киев влезе под „чадорот на НАТО“ што би му овозможило да преговара за враќање на остатокот на територијата „на дипломатски начин“.
Зеленски кажа дека би можело да се понуди членство во НАТО за неокупираните територии за да се заврши „жешката фаза на војната“ и дека би морале да се признаат меѓународните граници на Украина.
