Американските авиони повторно летаат кон Израел

24.07.2014 11:13

Американските водухопловни власти ја укинаа забраната за летање кон Тел Авив, но 20 лета на германските авио- компании кон аеродромот Бен Гурион и денеска се откажани.

За израелскиот  министер  за транспорт, Кац, ова е „многу важна одлука“ на американските водухопловни власти. Тој најави дека ќе треба одредено време,  авиокомпаниите да ја спроведат одлуката.

Германските конпании „Луфханза“ и „Ер Берлин“ вчера најавија дека сите планирани летови кон Тел Авив за денеска, се откажани.  Од „Луфтханза“ соопштуваат дека немале доволно нови информации за повторно да летаат кон таа дестинација.

Овој концерн, како и „Ер Берлин“ им понудија на патниците промена на летот и враќање на трошоците. Од другите европски копании, кон Тел Авив не лета ниту „Ер Франс“,  додека „Бритиш Ервејс“ најави дека ќе биде задржан планот на летање и оваа компанија ќе ги реализира летовите кон Тел Авив.

Одлуката останува, и покрај препораката од Европската агенција за безбедност во летањето, која на сите европски авиокомпании им препорача засега да не летаат кон Тел Авив.

Израел, од своја страна, на југот на земјата отвори воен аеродром за цивилното воздухопловство.

Свето Николовски