Свет

Продолжуваат протестите во Грузија

30.11.2024 10:07

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, жесток критичар на владејачката партија, ги осуди како што рече, „бруталните и непропорционални напади врз грузискиот народ и медиумите“...

Грузиската полиција употреби водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти кои втор ден по ред се собираат во близина на парламентот во Тбилиси за да протестираат против одлуката на владата да ги прекине пристапните преговори со Европската унија.

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, жесток критичар на владејачката партија, ги осуди како што рече, „бруталните и непропорционални напади врз грузискиот народ и медиумите“, споредувајќи ја репресијата со „репресија од руски стил“.