Булингот загрижува-учениците не се чувствуваат сигурно
Врсничкото насилство или булингот загрижува. Бројките говорат дека учениците не чувствуваат сигурност, но имаат страв. Истражувањата со податоци, психолозите со предупредувања за системско и институционално решавање на проблемот…

Прилепската средношколка Александра Ташкоска била жртва на булинг. Претрпела сурово психичко насилство од соученичка. Четири месеци ја криела депресивноста.
Повеќе од 30 проценти од учениците не се чувствуваат безбедно. Преку 60 проценти биле жртви на психичко, кое преминало и во физичко насилство, покажуваат истражувањата на невладината „Сега“ која спроведува 10-годишен проект со опфат на 50 училишта во земјава. Податоците се поразителни.
Психолозите имаат полни раце работа со советувањата, зголемени за 30 проценти. Корените ги бараат во семејството.
Учениците покажуваат голема доверба во ученичката организација. Решенијата опфаќаат системско дејствување.
На булингот, или врсничкото насилство, му треба терапија.
Елизабета Митреска
