Старт-ап програмите сè уште атрактивни за оние кои имаат бизнис идеја
Освен што нудат самовработување и развивање на сопствената бизнис идеја, старт-ап програмите за разлика од класичното претприемништво акцентот го ставаат на иновативната технологија. Преку фондацијата „Преда плус“ во пелагонискиот регион се реализирани девет програми. Последната, фокусот го става на апликациите од областа на развојот на земјоделието…

Кога е во прашање самовработувањето или реализацијата на сопствената бизнис идеја, старт-ап програмите во пелагонискиот регион даваат скромен но значаен придонес, вели статистиката на фондацијата „Преда плус“.
Во последната ваква програма, фокусот на фондовите е ставен во развојот на земјоделието. Со одобрената финансиска помош Андреа Соколовски со уште двајцата партнери ја развиваат апликацијата „Агримак“. На почетокот вели, ќе можат да ја користат поситните производители на земјоделски култури со цел да го подобрат нивното производство.
За разлика од класичното претприемништво, акцентот на овие бизнис идеи е ставен на иновативноста и технологијата и промените што иновативната технологија ги носи во општеството.
Иако соработуваат и со Универзитетот со цел како што беше и почетната идеја да се поттикнат младите личности да развијат свој бизнис, реалноста вели дека реализацијата на бизнис идеите најчесто е кај луѓе околу 35 годишна возраст.
Стевче Митревски
