Евробарометар

Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ

30.11.2024 11:50

Мнозинството граѓани на Македонија, или 56 насто имаат доверба во Европската унија, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар за годинава...

Мнозинството граѓани на Македонија, или 56 насто имаат доверба во Европската унија, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар за годинава. Од останатите земји-кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 насто, пред Црна Гора со 75, Косово со 70 и Грузија со 58 проценти. Пониска доверба од македонските државјани имаат граѓаните на Србија, од 38 насто.

Најголема поддршка кон Унијата, или 59 насто од испитаниците искажале младите европејци на возраст од 15 до 24 години. Речиси седум од десет испитаници или 69 насто се согласуваат дека ЕУ има доволно моќ и инструменти за да ги брани европските економски интереси, а ист процент се согласуваат дека Унијата е место на стабилност во денешниот проблематичен свет.

Дури 76 насто од европските испитаници сметаат дека руската инвазија врз Украина претставува закана за безбедноста на Унијата.

Есенското истражување на Евробарометар е спроведено меѓу 10-ти октомври и 5-ти ноември, во 27-те земји-членки на Унијата, во девет од земјите кандидати и во Велика Британија.