Државата да мотивира семејства за згрижување деца без родители
Државата да мотивира семејства кои ќе сакаат да згрижат деца без родители. Вака апелираат од СОС Детско село. Во земјава постои потреба од згрижување на најмалку 150 деца. Во моментов згрижувачите не добиваат никаков надомест ниту пак имаат некои права што се вклучуваат во овој процес…

Оливера Миленковска од Скопје веќе пет години е згрижувач на деца без родители. Во СОС Детско Село се грижи за три мали дечиња. Планира да згрижи деца и во семејство бидејќи нејзините се возрасни и самостојни, но како што вели, треба поддршка од државата.
Во земјава постои потреба од згрижување на најмалку 500 деца, а во згрижувачки семејствата се опфатени само 360. Државата треба да ги мотивира овие семејства кои не добиваат никаков надомест како згрижувачи.
СОС Детско село во Струмица отвори канцеларија за поддршка на згрижувачките семејства. Евидентирани се 25 кои згрижиле деца, најчесто по роднинска линија.
Ване Трајков
