Фудбал

Силен старт на Ван Гал

24.07.2014 12:26

Ван Гал истрча во формација 3-4-1-2...

Манчестер јунејтед почна резултатски убедливо под водство на новиот менаџер Луј Ван Гал. Премиерлигашкиот тим го совлада Лос Анџелес Галакси со 7-0 во пријателски натпревар стадионот „Роуз бол“ во „градот на ангелите“. Серијата ја отвори Дени Велбек во 13-тата минута, потоа Вејн Руни двапати ја затресе мрежата пред крајот на првото полувреме, а во второто тоа го сторија и Рис Џејмс и Ешли Јанг. Џејмс реализираше за 4-0 и за 5-0 во 62-та и во 86-тата минута, а потоа на сцена стапи Јанг со погодоци во 88-та и во 90-тата минута.

Ван Гал истрча во формација 3-4-1-2. Бранеше Де Хеа, Смолинг, Еванс и Џонс беа во одбранбената линија, Шоу и Валенсија дејствуваа како бекови, Ерера и Флечер се наоѓаа во средниот ред како последни играчи за врска, Мата беше пред нив, а најистурени Руни и Велбек.

Наредната контрола Манчестер јунајатед ќе ја одигра на 26-јули против Рома.