Косово

Експлозија во Зубин Поток, оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во селото Варага

30.11.2024 13:36

Српската листа најостро го осуди уништувањето на критичниот воден канал што ги напојува главните електрани и го снабдува северот со вода. Осуда пристигна и од американскиот амбасадор во Приштина, Ховение кој истакна дека ситуацијата внимателно се следи.

Косовската полиција ги зголемува безбедносните мерки откако силна експлозија одекна во Зубин Поток на северот од Косово, населен со мнозинско српско население. Според полицијата, бил оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во селото Варага, но како дошло до детонација сè уште не е познато.

Српската листа најостро го осуди уништувањето на критичниот воден канал што ги напојува главните електрани и го снабдува северот со вода. Осуда пристигна и од американскиот амбасадор во Приштина, Ховение кој истакна дека ситуацијата внимателно се следи.

Косовскиот премиер Курти, пак, прстот го впери во Србија обвинувајќи ја за терористички напад.

Во последните денови имаше неколку инциденти на северот, претходно во Звечан беа фрлени бомби врз полициската станица и во дворот на општината.