Блиски исток

Израел: Пресретнати беспилотни летала од Ирак

30.11.2024 14:52

Ги засили нападите во Појасот Газа додека делегација на Хамас денеска е во Каиро за да разговара со египетските власти за прекин на огнот.

Израелската армија соопшти дека пресретнала беспилотни летала кои биле лансирани од Ирак. Ги засили нападите во Појасот Газа додека делегација на Хамас денеска е во Каиро за да разговара со египетските власти за прекин на огнот.

Примирјето во Либан продолжува, но израелската војска и натаму не дава зелено светло за либанските повратници во селата близу до границата со Израел.

Според договорот, израелските сили имаат рок од 60 дена да се повлечат од овие места.