УНДП: Македонија - земја со висок човеков развој

24.07.2014 12:55

Бруто национален доход по глава на жител, е зголемен 17% од 1990, пишува во извештајот...

Македонија секоја година напредува според Индексот на глобалниот извештај за човековиот развој за 2014 на Обединетите нации.

Земјата е рангирана како 84 од 187 земји и спаѓа во категорија на земји со висок човеков развој. Граѓаните во Македонија можат да очекуваат дека ќе живеат 6,6 години подолго отколку во 1980 и дека ќе поминат 2,7 години повеќе во училиште отколку во 1990-те. 

Бруто национален доход  по глава на жител, е зголемен 17% од 1990, пишува во извештајот.

Во регионот, според индексот за човековиот развој, Словенија е на 25 место, Грција на 29,  Хрватска на 47, Црна Гора на 51, Србија на 77, зад нас се Босна и Херцеговина на 86-то и Албанија на 95-то место.

Земјите лидери во 2014 во светот се Норвешка, Австралија, Швајцарија, Холандија и САД.

2,2 милијарди луѓе се сиромашни или се на работ на сиромаштија– предупредува Глобалниот извештај за човековиот развој за 2014 на Обединетите нации.