МВР

Уапсени 17 лица, секој што ќе сквернави државен симбол ќе одговара-порача Тошковски

30.11.2024 16:24

17 лица уапсени за два дена, голем дел малолетници. Времето на зимски сон на институциите заврши. Секој што ќе сквернави државен симбол ќе одговара – порача министерот Тошковски…

17 лица се уапсени за сквернавењето на македонското државно знаме. Дел од нив се малолетни лица. За сите има соодветен поднесок до Обвинителството, соопшти министерот за внатрешни работи, Тошковски.

Полицијата врз основа на пристигнати видеа од граѓани од социјалните медиуми продолжува да идентификува и други сторители на Денот на албанското знаме.

Се идентификуваат и сторителите на сообраќајни прекршоци.

Приведени се и тројца во Прилеп кои го сквернавеле албанското знаме. Ќе биде соодветно санкциониран еден полицаец којшто бил на должност во Куманово и го отстранува албанското знаме, како и неговите колеги во полициското комбе.

Пронајден и приведен е и малолетникот којшто ја откорнал плочата на почесниот конзулат на Србија во Куманово.

Ирина Гелевска