Политика

Новата Европска комисија стапува на должност

01.12.2024 09:07

Словенката Марта Кос е еврокомесарка за проширување и соседска политика. Комисијата формално беше именувана од Советот на ЕУ во четвртокот, со мандат до 31-ви октомври 2029 година, откако ден претходно беше одобрена од Европскиот парламент.

Новата Европска комисија официјално ја презема должноста. Старо-нова претседателка е Урсула Фон дер Лајен, која доби уште еден петгодишен мандат. Еврокомисијата ја сочинуваат 27 члена, по еден од секоја земја-членка на Европската унија, шестмина потпретседатели и 20 еврокомесари.

Словенката Марта Кос е еврокомесарка за проширување и соседска политика. Комисијата формално беше именувана од Советот на ЕУ во четвртокот, со мандат до 31-ви октомври 2029 година, откако ден претходно беше одобрена од Европскиот парламент.

Најмногу членови – 14 припаѓаат на членки на Европската народна партија.