Зголемено полициско присуство на северот на Косово по вчерашната експлозија
Српскиот претседател Вучиќ ќе се обрати пред јавноста, но и како што напиша на социјалните мрежи и пред меѓународната јавност, точно да објасни кому и зошто беше потребен инцидентот.

На северот на Косово зголемено присуство на косовската полиција по експлозијата на каналот Ибар-Лепенац и претресите на српски куќи во неколку села во Општина Зубин поток.
Две лица се во притвор, меѓу кои е и еден новинар. Српскиот претседател Вучиќ ќе се обрати пред јавноста, но и како што напиша на социјалните мрежи и пред меѓународната јавност, точно да објасни кому и зошто беше потребен инцидентот.
Од експлозијата на каналот, прекинато е водоснабдувањето, а Приштина тоа го оцени како терористички напад и го обвини Белград дека стои зад него.
Вучиќ изјави дека Србија категорично негира каква било вмешаност во нападот и повика на темелна истрага.
