Свет

Продолжуваат протестите во Грузија, неколку илјади демонстранти на улиците на Тбилиси

01.12.2024 10:21

Во претходните денови полицијата употреби солзавец и водени топови, за да ги растера демонстрантите. Опозицијата ги оспорува и резултатите од парламентарните избори одржани во октомври, на кои победи владејачката партија „Грузиски сон“.

Неколку илјади проевропски демонстранти и синоќа излегоа на улиците на Тбилиси, протестирајќи против владата, која опозицијата ја обвинува дека го одвлекува вниманието на земјата од нејзините амбиции да се приклучи кон Европската унија.

Во претходните денови полицијата употреби солзавец и водени топови, за да ги растера демонстрантите. Опозицијата ги оспорува и резултатите од парламентарните избори одржани во октомври, на кои победи владејачката партија „Грузиски сон“.

Во знак на протест и над 100 училишта и универзитети ги прекинаа своите активности. Грузија официјално доби кандидатски статус за членство во ЕУ лани во декември, но Брисел го замрзна процесот, обвинувајќи ја извршната власт за сериозно демократско назадување.