Голем интерес за патување за новогодишните празници
На еден месеци пред Нова година, а веќе распродадени голем дел од аранжманите за новогодишните патувања. Туристичките агенции со широка понуда. Најпосакувани се велат европските метрополи, каде во тек се новогодишните базари, соседните зимски центри, но интерес има и за потоплите и егзотични дестинации…

Дубаи или зимските центри во соседството-на само еден месец до Нова година, интересот за новогодишно патување е огромен, велат од туристичките агенции.
Аранжманите се потполнуваат два месеци пред новогодишната ноќ. Најпродавани се пакетите за европските метрополи, Прага, Виена и Будимпешта, каде во тек се божиќните маркети. Резервации се прават и за зимските центри во Србија и во Бугарија.
Цените за тридневен аранжман се движат од 130 до 200 по лице, оние за подалечни дестинации кои вклучуваат чартер-лет започнуваат од 450 евра па нагоре.
Додека едни граѓани плановите за новогодишните празници ги кројат според обврските, други според буџетот. И оваа година атрактивни се домашните туристички центри, но има и такви кои ќе останат дома.
Агенциите и граѓаните ги чувствуваат последиците од економската криза, но и покрај тоа, интересот за патување од година во година расте. Од агенциите велат, пикот на побарувачка се очекува последната недела пред Новата година.
Александра Максимовска
