ФЗОМ: Се проширува листата на нутритивни продукти за лицата со ретки болести

24.07.2014 13:15

Со овие новини, лицата и нивните семејства ќе заштедат од 4 до 35 илјади денари месечно...

Нутритивните продукти за лицата со ретки болести, посебни видови брашно, млеко и масло за јадење, кои се нивна основна исхрана и лек, од 1-ви август ќе бидат на товар на Фондот за здравство.

Со овие новини, лицата и нивните семејства ќе заштедат од 4 до 35 илјади денари месечно.  

Директорката на ФОЗМ Маја Парнарџиева Змејкова на денешната прес-конференција информираше дека од 1-ви август воведуваат две новини: правото на беспротеинско брашно и беспротеинско млеко ќе го добијат сите лица со заболување на метаболизмот на аминокиселини и метаболизмот на масни киселини и право на новововедени хипоалергено млеко во прав и масло од средноланчани триглицериди за лицата со Alagille Syndrome.

Овие олеснувања се однесуваат за околу 300 лица со ретки болести.