ЈСП ги троши последните резерви нафта
Финансиската полиција истражува два сомнителни тендера на ЈСП. Скопјани стравуваат дека повторно нема да имаат јавен превоз, доколку нема набавка на гориво. Од Синдикатот на јавното претпријатие смируваат. Приватните превозници постигнаа договор со градските власти да се вратат на скопските улици…

Автобусите на ЈСП сè уште возат на гориво позајмено од државните резерви. Скопјани стравуваат дека повторно нема да имаат јавен превоз, доколку нема набавка. Дел револтирани што проблемот се решава на нивна сметка.
Првиот човек на ЈСП потврди дека банкарската сметка на претпријатието е блокирана поради долг кон набавувачот на гориво. Но, од синдикатот велат, долгот е поради неплатените сметки за превоз на студенти и пензионери од Владата, а со тие средства ќе се порамни и долгот за гориво. Смируваат дека ќе има гориво за наредните денови.
Финансиската полиција истражува два сомнителни тендера за набавка на гориво за ЈСП, вели директорот Слободан Ивановски за „Радио Слободна Европа“.
Приватните превозници постигнаа договор со градските власти да се вратат на улиците во Скопје.
Приватните превозници стојат паркирани. Најавија од понеделник дека ќе се вратат во градскиот сообраќај во Скопје.
Ирина Гелевска
