Македонија

Куманово: Од идната седмица ќе се украсува градот

01.12.2024 16:40

Од идната седмица ќе започне новогодишното украсување на Куманово. Градот за оваа намена годинава одвои 3 милиони денари. Повторно ќе се набават сопствени украси, кои планот е да се користат и наредните години.

Од идната седмица ќе започне новогодишното украсување на Куманово. Новогодишната декорација годинава ќе чини 3 милиони денари. Како и изминатите две години, ќе се набават сопствени украси, кои ќе се користат и во иднина. Ќе се украси главниот но и малиот плоштад а од претпријатието задолжено за украсувањето, засега не откриваат дали во новогодишен сјај ќе светнат и булеварите, улиците во централното подрачје.

„Постапката ја завршивме во петок, очекуваме да поминат законските правила до понеделник да се заврши и договорот и да почнат со украсување. Имаме претходната година што се набавени дел од украсите во моментов се проверуваат дали се исправни, и се надеваме дека од средина на наредната недела ќе почне да се украсува. Се надевам дека ќе блесне овој наш убав град“, истакна Андреа Маџовски, директор на ЈП Куманово паркинг, задолжен за украсувањето.

Граѓаните со нетрпение очекуваат градот да светне во новогодишно руво. Дел од нив веќе се подготвуваат за новогодишната атмосфера, набавуваат украси.

„Кога свети градот имаме чувство дека доаѓа Нова година, кога не е украсено го нема чувството, и дома украсувам секоја година“-вели една кумановка.

„Куманово не е украсено ќе видиме што ќе направат за некој ден“-дополнува друг.

„Треба да се одбележи, украсувам дома, и јас се радувам“-нагласува граѓанка.

Кон средината на месецов ќе се постават и новогодишните тезги на помалиот плоштад, каде што ќе можат да се набават и различни украси.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат совесни, и да внимаваат на новогодишната опрема којашто ќе биде поставена, да не ја уништуваат.

Новогодишните украси ќе бидат поставени до средината на јануари.

Елена Георгиевска