Нема нови случаи на заболени од листерија, инспекторите во контрола на терен

24.07.2014 13:26

Биле земени 47 мостри на храна, сувомесни преработки и свежо млеко...

Нема нови случаи на заболени од бактеријата  листерија. Вчера санитарните и здравствените инспектори вршеле контроли во повеќе градови во земјава.

Биле земени 47 мостри на храна, сувомесни преработки и свежо млеко.

„Во текот на вчерашниот ден во попладневните и вечерни часови извршена е контрола во повеќе градови од Македонија од каде што потекнуваат заболените лица, и во сите оние продавници кои се добиени како резултат на анкетата која е спроведувана од страна на центрите за јавно здравје во фамилиите од кадешто потекнуваат заболените лица, про што земени се околу 47 мостри од храна, како во оригинално пакување, така и од сирово млеко во две фарми“, објаснува Вера Менкова од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.