Македонија

Забранет за сообраќај патот Тетово-Попова Шапка, заглавени возила на Шапка и Маврово

01.12.2024 17:16

Блокираните возила на Попова Шапка не се како резултат на неисчистени коловози туку се работи за несовесни граѓани кои со летни гуми се упатиле на Попова Шапка. Патот е прооден, моментално две возила го чистат истиот. Проблемите се настанати од луѓето. Возилата со зимски гуми без никакви проблеми се движат по патот. Патрола од ПС Попова Шапка е на местото на настанот

Забрана за сите видови возила е воведена на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка поради наноси од снег. Од Авто Мото сојузот на Македонија информираат дека забраната е воведена од 14:35 часот.

Претходно, од Центарот за управување со кризи информираа дека на Единствениот број за итни случаи 112 во 13:30 часот е добиена пријава за блокирани возила пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата до викендиците.

Блокираните возила на Попова Шапка не се како резултат на неисчистени коловози туку се работи за несовесни граѓани кои со летни гуми се упатиле на Попова Шапка. Патот е прооден, моментално две возила го чистат истиот. Проблемите се настанати од луѓето. Возилата со зимски гуми без никакви проблеми се движат по патот. Патрола од ПС Попова Шапка е на местото на настанот. Според дежурниот во ПС Попова Шапка во наредниот период може да се јават и други пријавувачи за истиот проблем бидејќи како ќе одминува времето поголем број на луѓе ќе почнат да се симнуваат од Шапка кон Тетово и да се создаваат поголеми колони од возила, информираа од ЦУК.

Заглавени возила има меѓу хотелот „Радика“ и Бунец на Маврово. Таму, според информациите на ЦУК, заглавени се едно возило од Територијалната противпожарна едница од Гостивар со околу 20 други возила. Се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот.

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Македонија пат“ попладнево информираа дека од 14 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.